Хамилтон и Мерцедес израдуваа болно дете од рак (ВИДЕО)

Мерцедес направи одличен потег кон болно детенце, кое е голем љубител на Формула 1. Хари Шоу е петгодишно момче, кое боледува од рак на коски, па докторите му соопштија дек аму останале уште неколку недели живот.

Хари пред трката во Барселона испрати видео-порака до Луис Хамилтон.

„Здраво, Луис. Среќно во Шпанија и победи. Ти благодарам. Многу те сакам и збогум“, кажа момчето.

Хамилтон го објави тоа видео на Инстаграм, а по трката во Шпанија кажа дека трката му ја посветил на него.

„Бев инспириран од него. Малото дете ми е ангел“, вели Хамилтон.