Гвардиола: Моите пријатели се во затвор, Европа мора да реагира!

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, зборуваше за протестот во Каталонија, а воедно истакна дека некои од луѓето на кои им се заканува затвор се негови пријатели.

Имено, во Барселона се протестира за независност, но исто така има и приврзаниците на обединетата Шпанија, па полицијата стравува од можни конфликти.

Демонстрантите бараат ослободување на затворените лидери на Каталонија, кои се осудени во понеделникот на затворски казни меѓу 9 и 13 години. Некои од нив се пријатели токму на Гвардиола.

Јас ги бранам човековите права и би ги бранел насекаде во светот. Од суштинско значење е да се бориме против расизмот и дискриминацијата. Не знам што точно ќе се случи со мојата Каталонија утре, демонстрантите се затвораат. Имам пријатели кои ќе минат девет години во затвор само пораду гласањето, бидејќи тие побарале од некој да гласа. Европа треба да се вклучи и да го реши овој конфликт, изјави Гвардиола за шпанска „Марка“.

Фудбалската федерација на Шпанија вчера донесе одлука дека натпреварот меѓу Барселона и Реал, кој требаше да се одигра следната сабота, да биде одложен поради ситуацијата во Каталонија.