Грозен потег: Навивачи исмејуваа дете починато од рак (ФОТО)

Натпреварот меѓу Шефилд Венздеј и Сандерленд го одбележа голем скандал на трибините, кога двајца навивачи го исмејуваа починатото дете Бредли Лури, кое беше голем фан на Сандерленд.

На социјалните мрежи веднаш почна „потрага“ по навивачите кои го згрозија Островот, по што беше откриено дека станува збор за браќата Дејл и Дру Хогхтон.

Браќата Хогхтон си создадоа сериозни проблеми со нивниот потег и им се заканува доживотна забрана за влез на трибините.