Голманот на Вестерло го постигна најкомичниот автогол сезонава во Европа (ВИДЕО)

На вчерашниот натпревар од белгиското второлигашко првенство помеѓу Вестерло и Мускрон (4-3) беше виден можеби најкомичниот автогол сезонава во Европа и тоа од голманот на домашниот тим.

Дејвид Јенсен уште во десеттата минута ептен лошо реагираше по една вратена топка, која наместо кон соиграчот на спротивната страна ја смести во – сопствената мрежа.

На негова среќа, домашниот тим го имаше расположениот македонски интернационалец Ердон Даци, кој постигна два гола и беше меѓу најзаслужните за пресвртот и трите бода за екипата на Вестерло.