Големи протести во Франкфурт - Понеделник е ден за гради и бицепс, а не за фудбал

Приврзаниците на Ајнтрахт од Франкфурт вечерва го изразија своето незадоволство поради тоа што натпреварот против Лајпциг се игра во понеделник навечер.

Почетокот од овој дуел доцнеше бидејќи навивачите фрлаа бели ленти на терен, а вториот дел беше одложен бидејќи теренот беше преплавен со тениски топчиња.

Споменатите навивачи реквизите завршија на теренот во знак на протест, а причината за тоа е што натпреварите во Бундеслигата се играат и во понеделник.

Навивачите на Ајнтрахт истакнаа неколку транспаренти, чија порака беше дека на прифаќаат фудбал во понеделник навечер.

Германците очигледно не сакаат да ги менуваат своите навики кои подрзабриаат дека викендите мора да се користат за уживање, а од понеделник до пето сѐ се сведува на работа и одмор.