Голацо со неверојатен коментар во индиската фудбалска лига (ВИДЕО)

Јужноамериканските коментатори се прочуени по прославата на головите за време на фудбалските натпревари, но во Индија тоа се прави малку поинаку. 

Коментаторот епски опиша еден прекрасен гол од далечина на фудбалерот на Ченаи сити, Педро Манци.

„Фудбалскиот бог ќе ви прости ако го оставите вашиот партнер за овој гол“, рече коментаторот откако остана воодуешен по погодокот на Манци.