Генијална идеја - фудбалските ѕвезди претставени преку „Симпсонови“ (ФОТО)

Уметникот Стефано Монда наслика семејни портрети на фудбалските ѕвезди инспириран од планетарно популарниот цртан филм „Симпсонови“.

„Симпсонови“ се една од првите успешни серии на американската продукција, а исто така една од најуспешните и најценети во историјата на медиумите.

Серијата е сатирична пародија на начинот и животот на американскиот среден сталеж и се занимава со разни аспекти на човековиот живот, како и со американската култура, општеството во целина, но и самиот феномен телевизијата.

Инспириран баш токму од ова необично семејство од цртаниот филм, уметникот Стефано Монда нацрта семејни портрети на фудбалерот токму во стилот на семејството Симпсон.