Гаскоњ се спаси: Судот го ослободи од обвинението за сексуален напад во воз

Контроверзната англиска легенда Пол Гаскоњ се спаси од сериозна казна за сексуален напад, откако судот во Англија денеска го ослободи од обвиненија за такво нешто, но ќе ги разгледа обвинувањата за обид за физички напад.

Гаскоњ минатата година беше обвинет за сексуален напад врз жена во воз, а Гаскоњ потоа ги отфрли обвинувањата, а пред судијата изјавил дека имал намера само да ја бакне жената, која била нападната од друг патник. Инцидентот се случил во воз на релација Јорк до Њукасл во август лани.

Гаскоњ посочил дека ја бакнал жената за да ѝ ја зголеми самодовербата, откако друг патник почнал да ја навредува дека е дебела. Но, иако се спасил од обвинението за сексуален напад, сега останува да се разгледува другиот прекршок што го направил Гаскоњ за „напад со тепање“, кој подоцна денеска ќе се разгледува во судот.