Француски одбојкар уапсен поради сексуално вознемирување!

Еден од најдобрите одбојкари во светот, Французинот Ервин Eнгапе, e уапсен во Бело Хоризонте под обвинение за сексуално вознемирување.

Бразилските медиуми пренесуваат дека француски одбојкар, за време на Светското клупско првенство, при една забава, фатил девојка за заникот.

Полицијата набргу дошла и го уапсила Нгапет, откако девојчето го пријавило за сексуално вознемирување.

Французинот во моментов е во притвор и чека да се појави пред Суд. Тој ја призна својата вина, но исто така откри дека мислел оти девојчето е од неговиот тим.

Ова не е првпат тој да ги прекрши законите, бидејќи пред три години беше осуден на три месеци затвор поради удирање на кондуктор во воз.