Фацата на Фергусон додека Јунајтед се срамеше на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед доживеа уште еден срам сезонава во Премиерлигата, откако денеска загуби со 1-3 од Ливерпул на „Енфилд“, а колку боли овој пораз покажа и изразот на лицето на легендарниот Сер Алекс Фергусон.

Фергусон беше на трибините на „Енфилд“ и воопшто не изгледаше среќно додека го гледаше очајниот настап на „неговиот“ Јунајтед, кој го предводеше долги години и постигна многу успеси.

Да потсетиме, Фергусон е најдобариот тренер на Јунајтед во историјата, па дефинитивно не може да биде среќен со тоа што се случува кај „црвените ѓаволи“.