
Евра ептен го истрола Коста кој плукна противнички играч (ФОТО)
На Инстаграм има речиси пет милиони фанови, а таму насмеа илјадници корисници со порака за Даглас Коста, кој направи голема глупост против Сасуоло.
Коста се скара со Федерико Ди Франческо, а по неколку разменети зборови, играчот на Јуве реши да го плукне противникот, па сега го очекува суспензија.
Евра реши да го истрола Коста поради неговиот потег и тоа го направи на Инстаграм.
„Знаеш ли дека симбол на Јувентус е зебра, а не лама?“, напиша Евра.