Делегацијата на САД во Токио се пошегува на сметка на Дурант (ВИДЕО)

Учесниците од САД на Олимписките игри (ОИ) во Токио решија да се пошегуваат со кошаркарската ѕвезда Кевин Дурант.

Делегацијата во Токио почна да му пее роденденска песна на Дурант, кој не знаеше што се случува во моментот бидејќи неговиот роденден е на 29 септември, а не на 23 јули.

Засега не е познато чија идеја била оваа шега, но на кошаркарот на Бруклин нетс очигледно не му се допадна.