
Црна магија во Србија: Обезглавена црна мачка ископана од теренот во Смедерево
Мачката била пронајдена додека биле извршувани градежни работи на теренот за негово подобрување и поставување на нова тревната подлога. Па, кога ја откопале мачката, сите биле зачудени.
„Мртва мачка, без глава, закопана на центарот на теренот на стадионот на Смедерево. Не знаеме што сакале со ова да направат? Џабе влашки магии, џабе црни магии“, објавија навивачите на Смедерево.