Црна дамка на мечот Лидс-Фулам: Митровиќ со лакт го нокаутираше соиграчот на Алиоски (ВИДЕО)

На фудбалерот на Фулам, Александар Митровиќ, повторно му проработеа „бубачките“ во глава, па доби остри критики за новиот брутален старт на денешниот меч против Лидс.

На натпреварот помеѓу Лидс и Фулам, српскиот репрезентативец непотребно и намерно го удри со лакт противничкиот играч – Бен Вајт.

Поради ваквиот испад, англиската фудбалска јавност е згрозена, но Митровиќ не заработи ниту жолт картон за овој неспортски потег.

Сепак, без сомнение дека тој веројатно ќе биде казнет и суспендиран од Фудбалската асоцијација на Англија по прегледот на видеото.

Инаку, денес Лидс славеше против Фулам со 3-0, а стрелец на вториот гол беше македонакиот репрезентативец.