Бунт на германските бербери: Играчите во Бундеслигата тајно се шишале

Националното здружение на германските бербери крена бунт и му напиша отворено писмо на првиот човек на германскиот фудбал, Фриц Келер во кое се истакнува дека фудбалерите во германската Бундеслига тајно се шишаат, иако фризерските салони се затворени со локдаунот кој е на сила во Германија поради зголемениот раст на заразени од коронавирус.

Берберниците се затворени од 16 декември, а во Германија на сила се рестрикции и околу посетата на домаќинствата, па поради ова граѓаните имаат опција или сами да се потшишуваат или да пуштат долги и запуштени коси.

Но, за разлика од германските жители, фудбалерите секојпат имаат убави фризури на кои е очигледно дека „работеле“ професионалци со добра опрема за шишање и здружението на бербери сега кон претседателот на германскиот сојуз посочува, дека ваквиот однос, има лошо влијание кај народот, па практично ќе ги приморува тајно да се шишаат, а со тоа се доведува во ризик целата стопанска гранка која од пандемијата трпи сериозни штети.