Брутално убиство: Млад фудбалер бил изрешетан во Турција (ВИДЕО)

Младиот фудбалер Кубилај Кундакчи бил брутално убиен во вооружен напад во Турција, а во цел случај е вмешана и пејачката Алејна Калајџиоглу.

Според првичните информации, крвавата пресметка се случила минатата ноќ, кога напаѓачите пристигнале со две возила и почнале да пукаат.

Кундакчи бил тешко повреден и пренесен во болница, но докторите не успеале да му го спасат животот.

Турските медиуми пишуваат дека зад нападот наводно стои новиот партнер на пејачката, додека Калајџиоглу е приведена.