Британска обложувачница му фати голем сеир на Јунајтед поради – Роналдо (ФОТО)

Еуфоријата поврзана со враќањето на Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед и неговото второ деби од соништата со два гола против Њукасл (4-1) предизвика редовно објавувања на клубот на социјалните мрежи за се што е поврзано со португалската легенда.

Но, токму поради тоа, „црвените ѓаволи“ станаа мета на сеирџиите, меѓу кои е и познатата британска обложувачница „Педи Пауер“.

“Вонредна вест: Јунајтед повеќе од еден час нема 'твитнато' некаква вест поврзана со Роналдо“, напишаа на Твитер.

Реакцијата на следбениците на социјалната мрежа се различни, меѓу кои преовладуваат тие што сметаат дека „Педи Пауер“ погодил во центарот, односно дека Јунајтед навистина претерал со еуфоријата поврзана со Португалецот.