Бизарно: Навивачите ќе го гаѓаат бившиот тренер со - змии!?

Тренерот на Евертон, Марко Силва, ќе се соочи со вистински пекол на дуелот против Вотфорд!

Овие две екипи вечерва ќе ја спуштат завесата од 17-то коло во англискиот шампионат, а навивачите на Вотфорд на натпреварот ќе носат гумени змии за да го гаѓаат нивниот поранешен тренер.

Имено, Силва минатата година го водеше Вотфрод сѐ до јануари, кога доби отказ поради „преговарање со ривалски клуб, кое предизвикало пад на концентрацијата и резултатите“.

Навивачите не му ја опростија измамата, а клубот ги обвини челниците на Евертон за кои сметаат дека илегално му пристапиле на нивниот тренер.

Четири месеци подоцна Силва седна на клупата на Евертон и потпиша тригодишен договор.