Батшуаи му удри епски сеир на Фил Џонс (ФОТО)

Белгиската ѕвезда Мичи Батшуаи, кој сезонава игра за шпанска Валенсија, откако не се снајде во Челси му удри епски сеир на дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Фил Џонс, кој се најде на удар на целата англиска јавност по вчерашниот автогол на „Местаља“ за поразот на англискиот великан во ЛШ со 1-2.

Откако една фудбалска фејсбук-страница објави дека Батшуаи играше со копачки на кои беше нацртан љиљак, сооглед дека фудбалерите на Валенсија имаат прекар „љиаљци“, Батшуаи реши да се сеири малку со фудбалерот на Манчестер јунајтед, па твитна на фотографијата:

„Драго ми е дека ви се допаѓа, ама може ли прво да зборуваме за лицето на Фил Џонс?“, Напиша Батшуаи.