Балкански финти и во Аргентина: Со дрон го провоцираа големиот ривал (ВИДЕО)

Јавноста се сеќава на фамозниот дрон во Белград за време на натпреварот помеѓу Србија и Албанија што резултираше со општ хаос на стадионот „Рајко Митиќ“. 

Слична провокација беше забележана и во Аргентина на големото дерби помеѓу Розарио Сентрал и Њуелс олд бојс. Бидејќи и натаму стадионите се празни во Аргентина, домашните навивачи решија со дрон да ги испровоцираат гостински фудбалери. Тие испратија дрон на теренот заедно со навредлива порака.

Прв до дронот дојде еден фудбалер на Розарио кој го фрли крај теренот, но тогаш дојде и Пабло Перез од таборот на Њуелс кој го нагази со копачка, a го дотолчи и со топката