Ајакс зажали што се обиде да го „трола“ Рамос на Твитер! (ФОТО)

Ајакс се обиде да ги разоноди своите фанови со шега на Твитер, на сметка на Серхио Рамос, арно ама таа им се врати како бумеранг.

На својот официјален профил на Твитер, холандскиот клуб објави две фотографии една до друга, од Серхио Рамос како седи во публика со крената рака и од Душан Тадиќ, исто така со крената рака, но среде „Сантјаго Бернабеу“, на натпреварот на кој Ајакс го здроби Реал Мадрид со 4-1. Рамос не играше на тој меч, беше на трибините, па од Ајакс си рекоа да го потсетат на горките моменти, но тој веднаш им врати.

Како одговор постира четири фотографии на кои Холанѓаните немаат соодветен одговор. Тоа се фотографии со четирите освоени пехари во Лигата на шампионитеод 2015 до 2018 година.