По Себастиен Алер уште еден фудбалер од Бундеслигата има тумор

На голгетерот на Борусија Дортмунд, Себастиан Алер му беше дијагностициран тумор на тестисите пред почетокот на сезоната. Сега од Бундеслигата доаѓа нова вест за истата болест. 

На крилниот фудбалер на Херта, Жан-Пол Боетиус исто така му е дијагностициран тумор на тестисите. Холанѓанецот летово потпиша на три години за клубот од Берлин откако му истече договорот со Мајнц. 

На Боетиус му бил дијагностициран туморот по уролошките испитувања направени вчера и сега ќе биде надвор од терените на неодредено време.