Хамес сака да засили паднат гигант: Би дошол пешки од Катар ако треба!

Колумбискиот фудбалер Хамес Родригез пред една година ги изненади сите кога го напушти Евертон и потпиша за катарски Ал-Рајан, но јасно им е на сите дека тоа се случи поради подобри финансиски услови кои му беа понудени.

Меѓутоа на Колумбиецот не му оди како што очекуваше, па свесен е дека може да игра на врвно ниво, иако има 31 година, па во претходните денови се шпекулираше дека би можел да се пресели во Ла Лига и да ја засили Валенсија.

Хамес зборуваше за интересот на „лилјаците“ за шпанските медиуми и покажа желба да настапи за шпанскиот тим.

„Ако ме повика Валенсија, би дошол пешки од Катар. Би ја намалил платата и подготвен сум на сè. Ако им треба некој кој ќе асистира, тогаш тука сум за нив“, кажа Хамес.