Чориќ е најслабо рангиран тенисер што ќе игра финале во Синсинати (ВИДЕО)

Борна Чориќ ќе игра во големото финале на мастерс турнирот во Синсинати откако утринава го совлада деветиот носител Камерон Нори со 6-3 и 6-4.

Хрватот се враќа на голема врата по операцијата на рамото и за него ова ќе биде само второ мастерс финале во кариерата. Интересно е тоа што тој како моментално 152.тенисер на АТП-листата е најниско рангираниот финалист во историјата на Синсинати.

Во мечот за титулата Чориќ ќе се соочи со Стефанос Циципас, кој со 7-6, 3-6 и 6-3 го совлада Данил Медведев. 

Во женското финале во Синсинати ќе се соочат Петра Квитова и Каролин Гарсија. Квитова во полуфиналето ја победи домашната фаворитка Медисон Кијс со 6-7, 6-4 и 6-3 и вечерва во 20 часот ќе го одигра своето 40-то финале во кариерата. Гарсија пак ја совлада Арина Сабаленка со 6-2, 4-6 и 6-1.