Поранешен НБА-шампион уапсен зашто поседувал 170 грама марихуана!

Поранешниот шампион во НБА-лигата, Иман Шамперт (32), бил уапсен на аеродромот кој го делат градовите Далас и Форт Ворт, во Тексас. 

Причината била поседување на марихуана и тоа не баш скромна количина, туку 170 грама. Патувал од Далас за Лос Анџелес, а кога бил претресен самиот признал оти имал со себе марихуана.

Веднаш бил уапсен и поденесена била кривична пријава против него. За овој прекршок му се заканува затворска казна до две години, но и парична во износ од 10.000 долари.

Шамперт беше член на шампионската генерација на Кливленд кавалирс, по враќањето на Леброн Џејмс од Мајами, во сезоната 2015/2016. Тоа беше негова втора, од трите сезони во Кавалирс, а во тој плејоф не беше некој влијателен играч, со просек од 3,3 поени и нецела асистенција по натпревар. Кариерата ја почна во 2011 година, драфтуван од Њујорк никс, а последните натпревари ги одигра во Бруклин, во сезоната 2020/21.