Роналдо: Македонија го заслужува сиот респект - многу организиран тим!

Најдобриот светски голгетер на сите времиња и капитен на Португалија, Кристијано Роналдо посочи во пресрет на мундијалското финале дека Македонија заслужува респект за сѐ што направи за да дојде до овој последен меч против Португалија за пласман на Светското првенство во Катар.

Роналдо посочи дека Португалија планира да го одигра „мечот на животот“, исто како Македонија, која ја носи аутсајдерската улога во пресметката со бившиот европски првак.

„Македонија доаѓа многу самоуверена, полна со самодоверба, но сите ние сакама да играме на Светско првенство, така да многу сме мотивирани. И за нас овој меч е меч на животот. Знаеме колку е важен. Македонија ја заслужува сета наша почит, многу организиран тим, но ако ние сме на највисокото ниво – секого можеме да победиме!“, рече Роналдо

Португалецот посочи дека Македонија е изненадување, со надеж дека утревечер нема да ги изненади на последниот чекор до пласманот во Катар.

„Македонија е изненадување, во многу мечеви изненади, но јас се надевам дека нас нема да нѐ изненади, дека Португалија ќе биде подобра и дека ќе осиме на Светското првенство“, додаде Роналдо.