Норис славеше во Бразил, Верстапен заврши втор: Мерцедес стана шампион кај конструкторите!

Возачот на Мекларен, Ландо Норис победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Бразил, која се возеше на патеката „Интерлагос“.

Норис беше најбрз на трката која понуди возбудувања и драма, а зад него заврши поранешниот светски шампион Макс Верстапен, додека трет беше Исак Хаџар.

Кими Антонели поведе на самиот старт, но по промената на гумите се соочи со проблеми и излета од патеката, а тоа го искористи Норис за да го преземе водството по што го зачува до крајот, додека зад него се водеше битка за останатите позиции.

Во генералниот пласман, Антонели е прв со 390 бодови, Верстапен има 279, Џорџ Расел 262, Луис Хамилтон 261, Шарл Леклер 251, а Норис 246 поени.

По завршување на трката стана јасно и дека Мерцедес е шампион меѓу конструкторите.