Керик: Сè уште е ноември, нема да си дадам оставка

Манчестер јунајтед по десет одиграни кола се наоѓа на 18. место во Премиер лигата, но тренерот Мајкл Керик не планира да се повлече од функцијата.

Англискиот гигант одигра драматични 4-4 против Астон Вила, избегнувајќи пораз со два гола во судиското продолжение, но ниту тоа не ја промени лошата ситуација на тимот. Јунајтед има само една победа во досегашниот дел од првенството, остварена уште кон крајот на август.

По натпреварот, Керик беше директно прашан дали размислува за оставка, а неговиот одговор беше категоричен.

„Тоа нема да се случи“, порача тренерот на Манчестер јунајтед.

Во разговор за „Скај спортс“, тој призна дека резултатите не се на посакуваното ниво, но нагласи дека е решен да продолжи со започнатиот проект и да го извлече тимот од кризата.

„Не остваривме доволно победи. Сепак, цврсто сум решен да продолжам со работата што ја започнавме, да ги искористиме позитивните работи што ги покажавме, да ги поправиме грешките и да почнеме да победуваме“, изјави Керик.

Иако Јунајтед моментално е во зоната за испаѓање, Керик не сака ниту да помисли дека борбата за опстанок е целта на клубот.

„Сè уште е ноември. Не ми се допаѓа ситуацијата во која се наоѓаме, но имаме сè што е потребно за да ги промениме работите“, порача англискиот стратег.

По репрезентативната пауза, „црвените ѓаволи“ ги очекува голем предизвик. На 22 ноември ќе гостуваат кај големиот ривал Ливерпул, кој во моментов се наоѓа на четвртата позиција на табелата.