Трикратен шампион со МЗТ Скопје ќе го спасува тимот на Дражен Петровиќ!
Белграѓанецот четири сезони со мали прекини го носеше дресот на „аеродромци“, со кои дојде до три шампионски титули, а има победи во АБА-лигата и настап на завршниот турнир од Евролигата со тимот на Партизан.
„Отсекогаш сакав да настапувам за екипа од Далмација, а кога ја добив поканата од Шибенка, воопшто не размислував. Ова е клуб со богата историја, за кој настапувал големиот Дражен Петровиќ, чиј роден град е Шибеник“, изјави Синовец.
Србинот уште има настапувано за унгарските тимови Шолнок и Капошвар, како и за литванските Лиеткабелис и Лиепаја.