Ајлин Гу со само 18 години испиша нова историја на Олимписките игри

Ајлин Гу од Кина стана првата скијачка во слободен стил што освоила три медали на едни Олимписки игри. 

Младата 18-годишна скијачка утринава стигна до златниот медал во дисциплината халфпајп. Таа славеше со 95,25 поени и ги победи Канаѓанките Кеси Шарпе и Рејчел Каркер. 

Гу минатата недела го освои златото во дисциплината биг ер, а беше сребрена во слоупстајл.