Мане го запечати пласманот на Сенегал во мечот за титулата - шампион на Африка (ВИДЕО)
Сите голови беа постигнати во последните 20 минути од средбата. Убедливо водство од 2-0 на фаворитот му донесоа двајца фудбалери на ПСЖ, стоперот Абду Диало во 70-тата и Идриса Геј шест минути подоцна.
Ибрахим Туре намали за Буркина Фасо во 82.минута, но Садио Мане ги реши сите дилеми на натпреварот со прекрасен гол во 87.минута.
Сенегал во големото финале ќе игра со подобриот од утрешниот втор полуфинален дуел помеѓу домаќинот на турнирот Камерун и Египет предводен од Мохамед Салах.