
Светот со солзи се потсетува на големата трагедија: Две години без Коби Брајант!
Тој си замина на 41-годишна возраст, но вечно ќе остане запаметен како еден од најдобрите во историјата на кошаркарскиот спорт.
„Сакам луѓето да ме запомнат како човек кој успеал да се надмине самиот себе си за да дојде од успехот што го остварил“, е еден од најповторуваните цитати на Коби.
Брајант е роден во Филаделфија на 23 август 1978 година, а најраното детство го минува во Италија, каде што неговиот татко игра професионална кошарка. Во НБА влезе директно од средното училиште како 16. избор на драфтот во 1996 година, кога беше избран од Шарлот хорнетс, за веднаш да биде заменет со ЛА Лејкерс, каде што играше цела кариера. Во НБА мина точно 20 сезони во кои дојде до пет шампионски титули, двапати беше МВП на финалето и еднаш МВП на регуларната сезона.
На олстар-средбите играше 18 пати, а четири пати го доби МВП-признанието. Кариерата ја заврши на 13 април 2016 година со вкупно постигнати 33.643 поени. Има и две златни олимписки медали од игрите во 2008 година во Пекинг и во 2012 година во Лондон.