Драма на ЕП: Добија пенал за реми по крајот и тоа од ВАР, па го – промашија (ВИДЕО)

Ретко видена ракометна драма донесе денешниот попладневен меч на Европското првенство (ЕП) во Унгарија и Словачка, откако Шпанија минимално ја совлада Русија (26-25), во меч кој „зборнаја“ долго ќе го памети поради пропуштената шанса за освојување најмалку еден бод.

Русите водеа во поголемиот дел од мечот и немаше да биде заслужено ако победеа, но „фуријата“ стисна на крајот и направи пресврт, кој можеше да им донесе само реми. Нивниот противник доби пенал по завршувањето на средбата, откако мораа да ја прегледаат видео снимката од последниот обид на руските ракометари. Но, Сорока го промаши ударот од седум метри, односно ја погоди пречката, за голема радост кај Шпанците, кои остануваат без пораз на континентаниот собир.

Шпанија со овој триумф речиси сигурно обезбеди место во полуфиналето на ЕП, додека Русија пропушти голема шанса да направи исчекор во обидот да дојде до едно од првите три места во Групата 2, кои водат во борбата за пласман.