Крај на една ера: Легендарниот Бонучи заминува во пензија (ФОТО)

Легендарниот италијански дефанзивец Леонардо Бонучи реши да ја заврши кариерата, а неговите соиграчи веќе се збогуваа со него.

Фенербахче објави фотографија на која Бонучи држи потпишан дрес во друштво на тренерот и останатите членови на екипата.

„Ми беше задоволство да бидам дел од ова семејство. Се обидов да дадам сè од себе на теренот. Заедно ќе ја водиме последната битка, сакам да ја завршам кариерата со титула“, кажа Бонучи.

Бонучи во кариерата играше за Бари, Јувентус, Милан, Унион Берлин, Фенербахче и неколку други екипи.