„Имам позитивен тест по 250. пат, не можам да го поднесам ова сра*е“

Францускиот тенисер Беноа Пер откри дека е позитивен на ковид-19 пред почетокот на Австралијан опен, па мора повторно да биде во карантин.

Пер е познат по неговите контроверзни испади во јавност, а овој пат повторно го покажа неговиот револт поради вирусот.

„Здраво, моето име е Беноа Пер и по 250. пат сум позитивен на корона. Искрено, не можам да го поднесам ова сра*е. Поради овие карантини не се чувствувам добро психички. Минатата година беше тешка, а ова почнува на ист начин“, вели Пер.

Французинот го пропушти Ју-Ес опен во 2020 година поради позитивен тест на корона, и тоа само неколку дена пред првото коло.