Куманово по девет порази по ред конечно победи, изненадување во Гостивар!

Кошаркарите на Куманово, конечно, ставија крај на долгата низа порази, па по девет неуспеха по ред, во домашното првенство и во БИБЛ, вечерва, на домашен терен, го победија Феникс (103-98).

Кумановци апсолутно заслужено дојдоа до триумфот, со оглед што водеа во текот на целата средба и во ниту еден момент не беше загрозен нивниот успех. Тие сега имаат скор 2-7, со што навивачите на овој тим очекуваа почеток на искачувањето на табелата и бегство од зоната за испаѓање. Ненад Зивчевиќ со 24 поени и осум скока беше најпрецизен во домашниот тим, а доби голема помош од Глигоријевиќ со 20 и Николиќ со 16 поени, додека Двејн Морган со 24 поени и 11 скока беше најдобар кај гостите.

Во последниот меч од деветтата рунда, Академија ФМП релативно изненадувачки славеше на „жешкото“ гостување кај Гостивар (70-64), со што потврди дека заслужено е меѓу четирите најдобри екипи со учинок 6-3. Ајви со 24 поени беше најпрецизен кај „академците“, додека Дејли со 21 поен најпрецизен кај гостиварци.

Претходно денеска, МЗТ Скопје лесно, како гостин го преслуша ТФТ (90-82), додека вчера, Работнички беше подобар од Кожув, Еуро Никел немаше мака со МЗТ Скопје УНИ Банка, а Пелистер го прегази Ангели.