Гвардиола: Никогаш не може да кажеме дека е нефер што Меси ја освоил „златната топка“
Меси синоќа по седми пат ја освои најпрестижната награда, но отвори голема дебата околу тоа дали воопшто ја заслужи, а дел од европските медиуми жестоко го критикуваат изборот на Аргентинецот, пред Роберт Левандовски и Жоргињо, а посебно Полјакот се сметаше како фаворит за освојување на наградата, особено откако лани таа не беше доделена.
„Не ме прашувајте за тоа дали е исправно или не. Ама, така е како што е. И никогаш не може да кажеме дека е нефер тоа што Лео ја освоил 'златната топка'. Тој е долку добар. Сето ова е шоу, убав бизнис кој го прави фудбалот уште поинтересен“, вели Гвардиола.