Најдобрата фудбалска школа во Европа е на - Ајакс! (ФОТО)
Од школата на Ајакс излегоа низ децениите еден куп големи фудбалски ѕвезди, а Ајакс и во оваа „модерна ера“ покажува дека е број еден кога се работи за производство и извоз на фудбалери во најсилните натпреварувања во Европа, па практично на амстердамскиот гигант кој е четирикратен европски првак во моментов му нема рамен.
Зад Ајакс, втора најдобра школа има украински Шахтер со 75 извезени фудбалери, а трет е лисабонски Спортинг со 70 фудбалери, меѓу кои е и една од најголемите ѕвезди на денешницата Кристијано Роналдо, актуелниот фудбалер на Манчестер јунајтед, како и загрепски Динамо, кој е број еден и по заработка и по производство на фудбалери на Балканот, како и вториот украински гигант Динамо Киев.
Во топ десет се и двата белградски гиганти, Партизан со 69 извезени фудбалери во најсилните лиги, додека Ц. Звезда е деветта со 56 играчи во најзначајните првенства на Стариот континент. Во оваа најдобра десетка се уште и Реал Мадрид, Бенфика, Спарта Прага, Барселона и лондонски Арсенал.
Очекувано македонски клуб нема никаде, ни приближно до најголемите европски фабрики за таленти, а само спорадично како случајот со Елиф Елмас излегува бисер кој потоа игра во најсилните фудбалски лиги во Европа. Од регионов, на листата има по уште еден хрватски и српски клуб, сплитски Хајдук и новосадска Војводина.