
„Подобро би си пукал со пиштол во глава, отколку да ми се вакцинираат фудбалерите“
Бекали во разговор за медиумите кажа дека неговиот тим нема да направи вакцинација и даде контроверзна изјава, која крена голема „прашина“ во Романија.
„Кога би имал пиштол и вакцина на маса, би го земал пиштолот и би си пукал во глава. Подобро е така, отколку да се вакцинираат фудбалерите“, кажа Бекали.
Бизнисменот е познат по неговите контроверзни ставови и често е во центар на внимание на романските медиуми, а неодамна од тимот исфрли играчи поради неочекуван пораз.