Барселона го сака Рахим Стерлинг за засилување веќе во јануари?

Шпанска Барселона го ставила Рахим Стерлинг, англискиот репрезентативец од Манчестер сити за приоритетно засилување веќе во јануари, најави каталонски „Мундо Депортиво“, со цел дополнително да се засили офанзивата на каталонската гордост.

Стерлинг е на две години од истек на соработката со „граѓаните“, но уште летово од „Итихад“ имаше најави дека е на трансфер-листа и достапен за продажба ако некој заинтересиран клуб финансиски ги задоволи англиските шампиони, па сега Стерлинг би можел да дојде во Барселона, ако навистина Сити успее во зимскиот преоден рок да го купи Хери Кејн од Тотнем.

Уште летоска оваа комбинација, доаѓање на Кејн, а заминување на Стерлинг се посочуваше како опција, но сѐ пропадна зашто Тотнем бараше неверојатни 150 милиони фунти за својот напаѓач, а сите понуди 120 милиони. Сега, откако англиски медиуми најавија дека од Лондон до Сити стигнале информации дека Кејн би можел да биде продаден во јануари, шансата за Стерлинг да се пресели во Барселона стануваат поголеми, зашто до тогаш Каталонците би требало финансиски да се консолидираат со заеми со кои треба да го решат проблемот со огромниот долг.

Покрај Стерлинг, од Каталонија дојде и најава дека во Јануари веќе извесно е доаѓање и на Дани Олмо, шпанскиот репрезентативец од Лајпциг, кој е производ на „Ла Масија“, а преку Динамо Загреб стигна до германскиот бундеслигаш и сега е на чекор да се врати во својот матичен клуб.