Пред 33 години се случи најбруталниот прекршок за кој немаше ниту – жолт картон!

На денешен ден во 1988 година, во Англија се одигра натпреварот помеѓу Чарлтон Атлетик и Њукасл (2-2), кој денеска се памети како меч на кој се случил еден од најбруталните прекршоци за кој не би покажан ниту – жолт картон.

Стартот беше дело на домашниот фудбалер Питер Ширтлиф, кој брутално, со две нозе, стартуваше врз Дарен Џексон, соборувајќи го на теренот со удар со левата нога во препоната, а со десната во 'рбетот. За вакво нешто денеска не само што би добил црвен картон, туку би добил и долга суспензија.

Жртвата извесен период лежеше на тревата, со цел да го увери судијата дека го болат ударите, но откако видел дека Ширтлиф нема да биде санкциониран, станал и го продолжил натпреварот.