Хамес има необична клаузула во договорот поради ПСЖ

Колумбискиот фудбалер Хамес Родригез стана нов член на Ал Рајан од Катар, откако претходно го напушти Евертон по само една сезона мината во премиерлигашот.

Хамес потпиша тригодишен договор со Ал Рајан, но има интересна клаузула според која би можел бесплатно да го напушти клубот, но само ако ПСЖ го посака во свои редови.

Сепак, во моментов такво сценарио не делува реално и Хамес во следниот периос сигурно ќе го носи дресот на тимот од Катар.

Колумбиецот во текот на кариерата играше за неколку гиганти, меѓу кои се Баерн Минхен, Реал Мадрид, Монако, Порто и други.