Николов: Ми се допаѓа проектот на Шериф, чест е да се игра во ЛШ!

Македонскиот фудбалер Бобан Николов го засили Шериф Тираспол со кој ќе игра во групната фаза од Лигата на шампиони (ЛШ).

Николов се надева дека ќе биде успешен во екипата од Молдавија и се надева на добри резултати во ЛШ.

„Ми се допаѓа проектот од кој ќе бидам дел во следната сезона. Се надевам дека за краток период ќе се адаптирам и ќе дадам максимум за тимот. Имам голема конкуренција, но тоа е добро. Ќе играме во Лигата на шампиони, а тоа е голем чекор за нас. Чест ми е да играм за Шериф и се надевам на многу убави моменти“, вели Николов.

Николов во текот на кариерата играше уште за екипите на Брегалница, Виторул, Вардар, Мол Фехервар и Лече.