НБА-лигата планира да се играат натпревари на - отворено?

Раководството на НБА-лигата ја разгледува опцијата да може да се играат натпревари на отворено. Тоа е возможно во НХЛ, каде што со години се играат такви натпревари, меѓутоа во кошарката постојат неколку пречки.

Најголем проблем за кошаркарите претставува теренот без оглед на тоа дали станува збор за паркет и потенцијалните проблеми со влажноста, а исто така не одговара ниту бетонски терен зашто така лесно би се повредувале кошаркарите.

Во текот на историјата четири меча од претсезоната во НБА беа одиграни на отворено. Феникс и Милвоки во 1972 година одиграа меч во бејзбол парк, а повеќе од три децении подоцна Феникс учествуваа во дуел против Денвер, додека последниот натпревар се одигра меѓу Голден Стејт и Далас.