Димитриевски ги налутил Шпанците – потпишал нов договор, па избегал во Германија!?

Македонскиот ракометен интернационалец Дарко Димитриевски во следната сезона ќе игра за германскиот второлигаш ТВ Емсдетен, објавија шпански медиуми, откако бекот веќе потпишал договор со германскиот клуб.

Како што објавуваат шпанските медиуми, во неговиот актуелен клуб Либербанк Кантабрија Синфин се разочарани и бесни на потегот на македонскиот ракометар, зашто тој ги изиграл. Димитриевски веќе потпишал нов договор за следната сезона, ама потоа веќе постигнал договор со бундеслигашот Емсдетен.

Што се случило во меѓувреме не е познато, но по сѐ излгеда дека бекот најде нова дестинација за својата кариера, иако досега играше во првата АСОБАЛ-лига, а сега ќе игра во еден од најслабите германски клубови во втората Бундеслига.

Левиот бек кој е роден во Велес, во Македонија играше за Куманово, Металург и матичниот Борец, а како интернационалец беше дел од Катар Спортс клуб, шпанските Пуерто Сагунто, Адемар Леон и досега во Либербанк Кантабрија, а играше и во унгарски Чургои и израелски Хапоел Ашдод