Лигата на шампионите следната сезона ќе биде - очајна!

Со формирањето на Суперлигата, УЕФА автоматски ги суспендираше 12-те клубови учесници од сите европски натпреварувања. Тоа значи дека следната сезона во елитата ќе ги нема Реал Мадрид, Барселона, Манчестер сити, Челси, Ливерпул, Јувентус и другите. 

Од најсилните европски клубови барем засега лојалност на УЕФА и покажаа само ПСЖ, Баерн Минхен и Борусија Дортмунд. Тоа се и трите најголеми клубови кои следната сезона ќе играат во Лигата на шампиони, но и тоа не е сигурно, бидејќи „милионерите“ засега се петти во Бундеслигата.

Според сегашниот распоред на табелата во најсилните европски лиги и доколку Суперлигата навистина се игра од следната сезона, Лигата на шампиони ќе биде очајна за гледање.

Со оглед на фактот дека дури шест тима од Премиерлигата ќе учествуваат во Суперлигата, англиски претставници во Лигата на шампиони следната сезона би биле, Лестер, Вест Хем, Евертон и Лидс јунајтед. Од Серија А во ЛШ би играле Аталанта, Наполи, Лацио и Рома, додека шпански претставници би биле Севилја, Вилјареал, Бетис и Реал Сосиедад.

 Ќе го нема престижот кои го носат најголемите клубови со себе и секако богата ризница на трофеи. Реал Мадрид 13 трофеи во ЛШ, Милан 7, Ливерпул 6, Барселона 5, Манчестер јунајтед и Интер по три, Јувентус два и Челси една титула.