
Икер Касилјас по 11 години брак се разведува од новинарката Сара Карбонеро
Касилјас и Карбонеро се најдоа во фокусот на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година, кога голманот во живо пред камери ја бакна новинарката, после изјавите што ги даваше, а парот од љубовната врска и бракот кој потоа го склучија имаат две деца, седумгодишниот Мартин, кој е роден во 2014 година и Лукас, кој има четири години и е роден во 2017 година.
Голманот и новинарката тајно се венчаа две години откако го добија својот прв син, ама идиличниот брак сега се распаднал поради сериозни недоразбирања, по што како што пишуваат шпанските медиуми, Касилјас веќе некое време живее одвоено од Карбонеро и децата.
„Марка“ објави дека деновиве треба да заврши разводот на познатиот пар, а дека сериозните недоразбирања ги натерало спогодбено и без драми да се раздвојат. Магазинот „Лектурас“, пак, објави дека веќе подолго време живеат раздвоено.
Карбонеро откако стапи во брак со Касилјас ја запостави професиојата и се посвети исклучиво на семејството, а работеше повремено и како модел, но двоецот во 2019 година имаа сериозна битка со здравјето. Икер преживеа срцев удар, по што му беше ставен стент и ја заврши кариерата, откако доби напад на тренинг. Сара, пак, се бореше со рак на јајниците, но затоа што во рана фаза беше откриена болеста, потоа со хируршка интервенција беше отстранет проблемот.