Тилеманс го одби Ливерпул за да остане во Лестер

Јури Тилеманс се промовираше како еден од најдобрите фудбалери од средниот ред во Премиерлигата играјќи за Лестер сити. 

Белгиецот има договор со „лисиците“ до јуни 2023 година, а интерес за неговиот потпис има од неколку гиганти, но најсериозен е оној од Ливерпул. Сепак, Тилеманс не планира да ја промени средината и според англиските медиуми тој го одбил Јирген Клоп.

Неговата желба е да остане во Лестер што е можно подолго, па клубот веќе започнал и преговори за нов договор. Наводно, Белгиецот ќе добие зголемена плата од 100.000 фунти неделно.