
Скандал во Италија: Газдата на Пандев се степал со вториот човек на Удинезе
Средбата ја одбележа голем скандал, откако сопственикот и претседател на Џенова, Енрико Прециози се степал со потпретседателот на Удинезе, Стефано Кампочија. Инцидентот се случил за време на ручекот, кога Прециози побарал на дневен ред на состанокот да биде и прашањето за приватните инвестициски фондови кои влегуваат во Лигата. На ова барање бурно реагирал Кампочија и според агенцијата „АНСА“ дошло дури и до физичка пресметка.
На состанокот единствено се разговарало за тв-правата, а очигледно е дека групацијата „ДАЗН“ ќе ги добие истите откако понуди 850 милиони евра, што е 10 милиони повеќе од „Скај Италија“.