Вуд му пресуди на Кристал Палас за прв триумф сезонава за Барнли (ВИДЕО)

Барнли во нивниот осми меч во Премиерлигата сезонава конечно запишаа триумф, и тоа против Кристал Палас со 1-0.

Дефанзивците на Кристал Палас во осмата минута реагираа катастрофално во одбраната, па топката дојде до нозете на Крис Вуд, кој немаше проблеми да го матира гостинскиот голман за 1-0.

Барнли по осум одиграни меча се наоѓа на 17. позиција со пет бодови, додека Кристал Палас е 10. место со 13 бодови.